• вторник, 12 ноември 2024

Јаневска: Работиме на три пријави за еден државен и два приватни универзитети

Јаневска: Работиме на три пријави за еден државен и два приватни универзитети

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Во моментов работиме на три пријави - за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Таа во емисијата „За и против“ на телевизија „Алфа“ најави дека ќе следува реевалуација и реакредитација на сите универзитети.

Во Министерството, како што посочи, постојано имало поплаки за работата на одредени универзитети и факултети.

Како што информираше, на јавна расправа ќе биде ставен нов предлог за печатење на сведителствата. 

- Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но, реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во деветто одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија, рече Јаневска. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан