• сабота, 23 ноември 2024

Јаневска, Пешев и Улман ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје

Јаневска, Пешев и Улман ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев денеска ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје, која е вклучена во реализација на концептот на дуално образование. 

Како што информира Стопанската комора, фабриката за водоводни цевки „Каз груп“ во Скопје реализира практична обука на учениците и соработува со стручното училиште СУГС „Владо Тасески“ - Скопје. Професорот за практична настава од училиштето, со 10-тина ученици кои посетуваат пракса во компанијата ќе бидат исто така присутни на настанот.

Компанијата е лоцирана во скопската општина Илинден. мд/

Фото: Принтскрин 

 

 

Остани поврзан