• среда, 25 декември 2024

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември. 

-Да, во септември же има учебници. За основно ќе има за сите учебници и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево. 

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година. ев/лв/

Остани поврзан