• недела, 01 септември 2024

Јанг: Интер сè уште е во шампионската трка

Јанг: Интер сè уште е во шампионската трка
Милано, 17 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот на Интер Ешли Јанг смета дека неговиот тим, и покрај поразот од Лацио, има шанси да дојде до трофејот во Серија А. Интер синоќа во дербито на 24. коло загуби од Лацио на гости со 2:1. Стрелец на единствениот гол за Интер беше Јанг. - Го загубивме натпреварот. Јас повеќе би сакал да не постигнам гол и да победам, но сето тоа се случи. Имаме многу натпревари до крајот. Мора да го заборавиме овој пораз многу брзо и да се подготвиме за следниот натпревар. Се разбира, остануваме трка за титулата. Многу бодови се во игра, рече Јанг. Интер по 24 кола е трет на табелата со 54 бода. Пред него се Лацио со 56 и Јувентус со 57. зс/

Остани поврзан