Јамал го освои „Копа“, трофејот за најдобар млад играч
- Ламин Јамал од Барселона е прогласен за најдобар млад играч на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.
Париз, 28 октомври 2024 (МИА) - Ламин Јамал од Барселона е прогласен за најдобар млад играч на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ во Париз.
Нему му беше доделен трофејот „Копа“, првиот трофеј на вечерта.
-Чест ми е да се биде овде. Најпрвин сакам да им се заблагодарам на моите родители кои ми помагаат цело време. На сите во Барселона, на Луис де ла Фуенте и на целиот шпански персонал. Да живее Барса, рече Јамал. дс
Фото: Принтскрин