• четврток, 19 декември 2024

Јакин останува на чело на Швајцарија

Јакин останува на чело на Швајцарија

Базел, 12 јули 2024 (МИА) - Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин ќе остане на функцијата, соопшти Швајцарската фудбалска федерација.

Детали за договорот и неговото времетраење не беа откриени.

Швајцарскиот тим остави добар впечаток на Евро 2024 и стигна до четвртфиналето, каде загуби од финалистот Англија на пенали.

Јакин е на чело на составот од 2021 година. Тој ги предводеше Швајцарците до осминафиналето на Светското првенство 2022 година во Катар, каде што тимот беше поразен со 6:1 од Португалија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан