• вторник, 24 декември 2024

Јакимовски: Ќе им дадеме понуда на граѓаните да имаат избор, зашто изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор

Јакимовски: Ќе им дадеме понуда на граѓаните да имаат избор, зашто изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор

Скопје, 3 април 2024 (МИА) – Моите политики се исправни и се во интерес на сите граѓани без оглед на вера, нација и материјална состојба и го опфаќаат секој човек. Одлучив да се кандидирам за претседател на Република Македонија како круна на моето 37-годишно активно бавење со политика. За разлика од други политичари сметам дека ми е предност што сум бил политичар и во социјалистичкото општество зашто знам како изгледа како изгледа уредена и сериозна држава, порача Стевчо Јакимовски на конвенцијата на коалицијата „Храбро за Македонија“, предводена од ГРОМ, ПЦЕР и ИНТЕГРА на која официјално беше промовиран за нивен претседателски кандидат на претстојните претседателски избори. 

-Зад некои кандидати стојат големи партии ама за жал знаењата им се мали, за разлика од нив нашите партии се мали, но знаењето ни е големо. Ќе им дадеме понуда на граѓаните да имаат избор, зашто изборот помеѓу помалото и поголемото зло не е избор, рече Јакимовски.

Нагласи дека претседателот на државата ни случајно нема да биде протоколарна функција зашто, како што кажа, ќе биде соочен со големи притисоци, со промени на чудни закони и на Уставот и притисок да се откажеме од идентитетските прашања.

-Граѓаните веќе можеа да ме тестираат дали подлегнувам на уцени и закани. Можеа да видат дека ни Америка ни свети Америка, кога е во прашање Република  Македонија, нема да ме натераат ни милиметар да отстапам и дека се што имам да и кажам ќе и кажам зашто чесно и поштено си ја вршам својата функција, рече Јакимовски и додаде дека и дрогата и криминалот и целата декаденција што ни дојде во земјава дојде токму од дружбата со Америка.

Нема да дозволам, додаде, ниту еден граѓанин на Република Македонија да биде малтретиран и ќе сторам се да ги заштитиме граѓаните од надворешните влијанија и непринципиелните напади и разни црни листи. На црните листи, нагласи, почнаа да ни ставаат и стопанственици кои ни вработуваат по неколку илјади вработени и праша кој ќе ги вработува граѓаните ако „нив ги даваме како на кланица“.

-Во надворешната политика ќе ги јакнеме нашите позиции во НАТО структурите и ќе ги исполнуваме условите за влез во Европската Унија, но со јасно инсистирање за поголем респект кон нашата држава и јасно ставање до знаење на ЕУ и стратешкиот партнер дека за идентитетот и јазикот нема со никого да преговараме, а за влезот во ЕУ не сме подготвени да чекаме бесконечно, потенцира Јакимовски.

Претседателот на ИНТЕГРА Љупчо Ристески порача дека делата говорат за себе и додаде дека Карпош е најубава општина во Скопје, а нагласи дека стаменитост, гордост и достоинство се покажа и со силниот притисок и од власта и од опозицијата, но и со вклучувањето на странскиот фактор преку Калето со црни листи. Како што рече, се спротивставиле на се што влијае врз назадување на македонскиот национален стратегиски интерес.

-Тие сили имаат заеднички именител, а тоа е Сорос. Тоа е именка за назадување на македонскиот национален стратегиски интерес во нашата татковина Македонија и синоним на се што назадува во сите пост-комунистички европски држави. Таа идеја подразбира ништење на овој национален идентитет на Македонија и ништење на македонскиот национален стратегиски интерес во нашата татковина и е идеја за ништење на државотворноста на македонскиот народ што ќе биде следната критична точка која ќе биде подложена на силен агресивен напад не само од надвор, туку и од екстремизмите на нашите домашни велепредавници, рече Ристески.

Нагласи дека земјава е повторно на историски крстопат, а македонскиот народ е ставен во ситуација на носење нови историски одлуки.

-Главата горе, има кој да застане позади интересот на нашиот народ и има кој да се бори за својот народ и за својата татковина, рече Ристески.

Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски Посочи дека заедно со Стевчо Јакимовски, како заменик-министер и министер за труд и социјална политика, уште во 2005 година ги поставиле темелите за интеграција на Ромите во државата, ја лансирале Декадата на Ромите и нивната инклузија во општеството и од тогаш до денес, потенцира, не е ништо направено.

 -На Република Македонија и е потребен човек со големо искуство, со јасна визија, со карактер, тако на нацијата. Од сите кандидати само во Стевчо Јакимовски го гледам идниот претседател на државата зашто се работи за човек со докажани дела. Не ни требаат салонски претседатели на државата, посочи Ибраимовски. 

Истакна дека не треба да има преговори за идентитет и додаде дека токму затоа се дел од оваа коалиција.

-Мораме како држава да имаме јасни црвени линии за сите проблематични прашања. Мора да не гледаат како сериозен партнер кој е спремен да  не свитка кичма секогаш кога тоа ќе биде побарано од нас. Имаме целосно разбирање за чувствата на Македонците и рамо да рамо стоиме со Вас во зачувувањето на идентитетските прашања. Преговори за идентитет не треба да има. Затоа ние сме тука денес, рече Ибраимовски.

На нашата држава, порача, и е потребен сериозен развој, рестарт на судството, здравството, образованието, администрацијата, да ги ослободиме институциите од партиските полтрони, да им ја ограничиме моќта на олигарсите,...вј/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан