• петок, 27 декември 2024

Јакимовски: Пензионерите од Карпош ќе добијат современ пензионерски дом

Јакимовски: Пензионерите од Карпош ќе добијат современ пензионерски дом
Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски се обврза да изгради современ пензионерски дом во кој ќе има апартмани, простор за здравствена заштита, физикална терапија, забава и рекреација. Јакимовски најави дека како градоначалник на Карпош, заедно со пензионерските здруженија и Министерството за труд и социјална политика домот ќе го изгради на потегот кај булевар Илинден, а пензионерите од Карпош, како што рече, ќе можат да го користат по многу поволни услови. - Дванаесет илјади пензионери конечно треба да добијат свој пензионерски дом и затоа на овој потег кај булеварот Илинден ќе предвидиме таков дом. Ќе биде граден на трипартитна основа – општина Карпош, пензионерски здруженија и министерство за труд и социјална политика. Тоа ќе биде современ дом каде што ќе има апартмани за пензионери, каде што ќе има простор за забава, за рекреација, за здравствена заштита, за физикална терапија и тоа ќе им се стави на располагање на пензионерите по многу поволни цели за да може да го користат, најави Јакимовски. мс/ац/

Остани поврзан