• сабота, 23 ноември 2024

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот, апсолутната власт според него носи девијации и ретроградни процеси

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот, апсолутната власт според него носи девијации и ретроградни процеси

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.  

- Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната самоуправа и во делот на претседателот, тоа значи апсолутна власт, а очигледно дека ќе има можност и за двотретинско мнозинство. Очекувам дека ќе има тешки одлуки, но моето политичко искуство покажува дека апсолутната власт не е на арно бидејќи таа апсолутна власт носи девијации и како резултат на тоа доаѓаме до ретроградни процеси на кои не сакаме да бидеме сведоци, рече Јакимовски на прес-конференција. 

Како што посочи, денеска граѓаните се определиле за враќање на уставното име, за поништување на договорот со Бугарија и за реваншизам затоа што, според Јакимовски, целата оваа кампања се водела во насока дека треба на некому да му се реваншираме. 

Според Јакимовски, денешниот изборен ден бил срам за државата бидејќи ниту една државна институција не го видела поткупот на гласачи и т.н. бугарски воз. бак/ац/

Фото: Принтскрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан