• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јагуар ги суспендира испораките во САД за април поради царините

Јагуар ги суспендира испораките во САД за април поради царините

Лондон, 5 април 2025 (МИА) - Британскиот производител на луксузни автомобили Јагуар Ленд Ровер соопшти денеска дека ќе ги „паузира“ испораките за САД во април, поради „новите трговски услови“ создадени со царините воведени од Вашингтон.

„САД се важен пазар за луксузните брендови на JLR. Додека работиме на решавање на новите услови за тргување со нашите деловни партнери, ги спроведуваме нашите краткорочни активности, вклучително и пауза на испораката во април“.
Тие додаваат дека во моментот се анализираат „нашите среднорочни и долгорочни планови“. зш/
фото Принтскрин/Јагуар веб-сајт

Остани поврзан