• среда, 18 декември 2024

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. 

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. 

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат. ев/лв/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

Остани поврзан