• четврток, 26 декември 2024

Јавноста бара оставка од водителот, кој победата на Сандерс во Невада ја спореди со напредувањето на нацистите во Европа

Јавноста бара оставка од водителот, кој победата на Сандерс во Невада ја спореди со напредувањето на нацистите во Европа
Вашингтон, 24 февруари 2020 (МИА) - Водителот на „Ем-ес-ен-би-си“, Крис Метјус, денеска се соочи со лавина од критики и повици да даде отказ откако победата на Сандерс во Невада ја спореди со напредувањето на нацистите во Европа. - Синоќа читав за падот на Франција летото 1940 година, и генералот Рејно се јавува до Черчил и вели „готово е“. И Черчил одговора „како е тоа можно, ја имате најголемата армија во Европа, како може да е готово“. Тој вели „готово е“, искоментира Метјус синоќа во емисија на “Ем-ес-ен-би-си“. Тој додаде „сега имам исто загрижувачко претчувство“. Неговите зборови поттикнаа критики по социјалните мрежи. Сандерс, кој има полско-еврејско потекло, е прокламиран демократски социјалист и лесно победи во Невада, зацврстувајќи ја својата позиција на фаворит во трката за претседателски кандидат од демократите. - Берни е Евреин и неговите предци биле убиени од нацистите. Ова не е добро, напиша на Твитер, Дејвид Сирота, пишувач на говорите на Сандерс. - Ова е апсолутно одвратно. Пензионирај се, дај отказ, што било. Во крајна линија, Метјус треба да си замине, напиша на Твитер Паркер Молој, уредник во „Медиимите се важни за Америка“. Во своите вечерни настапи на националната телевизија, Метјус многупати досега го критикиваше Сандерс и неговите поддржувачи. Неодамна тој изјави дека ако биде номиниран, републиканците во општите избори како противкандидат на Трамп, можат „да го убијат“ Сандерс со противнички извештаи за него. кб/ми/

Остани поврзан