• недела, 28 јули 2024

Јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита го исчистија Камениот мост

Јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита го исчистија Камениот мост
Скопје, 13 јули 2022 (МИА) - Екипите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје изминатите денови во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост.
- На екипите од јавните претпријатија  на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните  делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Во текот на акција екипите собрале пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид на отпадоци. Пожарникарите на терен користеле јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје.
Од Градот Скопје велат дека продолжуваат со спроведување акции за чистење и отстранување на отпадот во сите населени места, како и објектите од јавен интерес за почиста животна средина за сите граѓани. дма/сп/

Остани поврзан