• среда, 25 декември 2024

Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, остварил средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

На средбата, соопштија од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, во рамки на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледале можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка.

- Јовески оцени дека по потпишувањето на двостраниот меморандум за соработка, значително е подобрена соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата, иако секогаш постои простор директната размена на информации и мислења за конкретни предмети дополнително да се олеснува, се наведува во соопштението.

Исто така, јавниот обвинител на членовите на ДКСК им ги презентирал активностите кои ги планира Јавното обвинителство во следниот период и состојбите и предизвиците со кои се соочува обвинителството во рамки на своето постапување. цр/са/


Фото: Jавно обвинителство на Република Северна Македонија

Остани поврзан