• четврток, 26 декември 2024

Јавна расправа за новиот ГУП на Штип

Јавна расправа за новиот ГУП на Штип
Штип, 27 јули 2022 (МИА) - Нацрт –Генералниот урбанистички план (ГУП) за градот Штип за плански период од 2014 до 2029 година беше тема на денешната стручна расправа во Општина Штип. Раководителот на Одделението за урбанизам во Општина Штип, Лазар Хаџи-Николов вели дека неколку измени се дел од новиот во споредба со постоечкиот план, меѓутоа значителна промена во површината, односно опфатот  нема. Во однос на сообраќајната инфраструктура, новото планско решение го намалува рангот на одредени улици со што би се овозможил развој на централното градско подрачје. -Опфатот којшто го има нацрт – ГУП е оној којшто беше дефиниран и со постоечкиот, односно ГУП којшто е донесен во 2009 година, со мали измени на границите на опфат на североисток. Површината која ја обработува ова планско решение е 2.292 хектари, што значи во однос на површината не постои некоја драстична промена во однос на старото планско решение. Околу границите на предлог ГУП-от, имаме разлика од постоечкиот, со тоа што опфатот во делот којшто гравитира кон Караорман се намалува, од друга страна имаме мала промена во делот на планскиот опфат во Суитлак, каде што имаме зголемување, вели Хаџи Николов. Расправата беше јавна, а присуствуваа сите заинтересирани граѓани кои посочија на одредени забелешки. Забелешките ќе може да ги доставуваат и до Архивата на Општината преку анкетни прашалници во рок до 29 јули, по што ќе бидат разгледани од Комисијата за урбанизам. -Во однос на забелешките коишто ги истакнаа граѓаните усно на самата расправа, беше споменат рангот на сообраќајницата којашто гравитира во близина на индустриската зона кон Чардаклија, за каде што истакнаа дека во иднина би можеле да имаат проблем во однос на развојот на нивните капацитети со тоа што не би можеле да извршат директен приклучок на оваа сообраќајница, односно на сообраќајницата Кочани – Радовиш, додаде Хаџи Николов. Индустриските зони генерално се развиваат на веќе постоечките локации. Генералниот урбанистички план сега ги вклучува и Мерите, каде има и неколку градежни парцели за станбено домување, а градот ќе се шири во однос на изградбата на Водоводната линија 2.вдј /цр

Остани поврзан