• четврток, 26 декември 2024

Јавната администрација ќе добие К-15, тоа е обврска од колективните договори, порача Заев

Јавната администрација ќе добие К-15, тоа е обврска од колективните договори, порача Заев
Скопје, 8 јуни 2021 (МИА) - Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни. - Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. За тоа, појасни Заев, веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори. Тој рече дека Владата се труди да ја рационализира јавната администрација и подигнување на нејзината ефикасност и ефективност. - Во моментов имаме околу 132 илјади, а пред четири пет години имаше околу 160 вработени во јавната администрација. Постојаните политики на рационализација и зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавната администрација се еден од главите приоритети на Владата. Очекуваме наскоро да стапи во сила и законот за задолжително пензионирање на 64 години, што ќе влијае дополнително на намалување на самата бројка, рече премиерот Заев, додавајќи дека нема зголемување на бројот на јавната администрација, односно дека таа се рационализира. сст/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан