• четврток, 26 декември 2024

Јавен повик од Шанса за Центар до сите партии за усогласување на програмските заложби

Јавен повик од Шанса за Центар до сите партии за усогласување на програмските заложби
Скопје, 23 октомври 2021 Граѓанската иницијатива Шанса за Центар ги повикува на јавна дебата политичките партии кои освоија места во Советот на општината на која би постигнале консензус околу приоритетите и развојните цели за Општина Центар. Имајќи ги предвид различните пристапи и концепти за развој на општината, Шанса за Центар смета дека програмските цели може да се усогласат, во интерес на граѓаните и на идниот развој на општината. Шанса за Центар е на став дека без оглед на различните политички погледи, можеме да покажеме дека суштински разбираме што е граѓански и јавен интерес и дека можеме натпартиски да соработуваме. Соработката мора да е врз основа на издржани решенија и добри пракси за надминување на проблемите на сите граѓани. Поделбите во нашето општество не придонесуваат за развој, квалитет, ниту пак за модернизација на процесите на управување. Центарот на главниот град кој заслужува да биде европска метропола, може да се развива само преку обединување на сите сили во полза на граѓанските интереси. Шанса за Центар напоменува дека нема да гради коалициско партнерство со одредена политичка партија, туку ќе биде коалициски партнер секому, а ќе бара и соработка околу решенија базирани на вредности и квалитетни анализи кои ќе водат кон развој на општината. Тежиштето да се врати во Советот како место за конструктивна дебата и обединување околу најдобрите решенија. Нашите појдовни принципи за таква конструктивна дебата се темелат на: - Транспарентност и отчетност на општината - Вклученост на граѓаните во процесите на одлучување - Финансиска одговорност - Модернизација на работа на инспекциските служби - Законито урбанистичко планирање и градење Дебатата би се одржала во Културно социјален простор- Центар ЈАДР0 во 14 часот во вторник 26 октомври. Се надеваме дека ќе можеме наместо за партиски интереси да зборуваме за јавниот интерес и да размениме аргументи околу најдобрите решенија преку усогласување на изборните програми и енергично и суштински да го подобриме квалитетот на живот на жителите на општина Центар. Граѓанската иницијатива Шанса за Центар ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни не доследности или печатни грешки.

Остани поврзан