• четврток, 26 декември 2024

Јавен повик за субвенционирање на поправка на лифтови и кровни површини во Карпош

Јавен повик за субвенционирање на поправка на лифтови и кровни површини во Карпош
Скопје, 1 декември 2020 (МИА) - Општина Карпош објавува јавен повик за субвенционирање за поправка и санација на постоечки лифтови и оштетени кровни површини на станбени згради за колективно домување. Субвенционирањето е поддржано од Буџетот на Општина Карпош, а право на учество имаат заедниците на сопственици или управителите на станбени згради. Вкупниот буџет за овој проект е два милиони денари, додека јавниот повик е отворен и трае се до исцрпување на средствата. - Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот. Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач, информираат од прес-службата на Општина Карпош. Условите за учество на заедниците на сопственици / управителите на станбени згради, како и документацијата која треба да се приложи може целосно да се види на Огласната табла на www.karpos.gov.mk или на следниот линк. Заинтересираните може да аплицираат на следниов линк https://bit.ly/3ocLvs2 - Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на поправката на лифтови и кровни површини, согласно препораките од Државниот завод за ревизија кои беа истакнати во Извештајот за материјално – финансиското работење на Општина Карпош, посочија од општината.фф/са/

Остани поврзан