• среда, 27 ноември 2024

Јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловни субјекти

Јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловни субјекти

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Министерството за економија и труд денеска објави  јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, соопшти Министерството.

Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, во износ од 2.000.000 денари.

На Јавниот повик може да аплицираат деловните субјекти регистрирани во Република Северна Македонија, кои имаат воспоставено/стекнато сертификат/се ресертифицирани со сертификат/ имаат изготвено извештај за системите за управување со општествена одговорност во текот на 2023 и 2024 година според стандардот SA 8000 и или извештајот од: BSCI/SMETA/GOTS/STEP, или стандардот ESG (Environmental, Social and Governance (ESG) standard).

-Министерството за економија и труд ќе ги надомести трошоците за воспоставување/стекнување/ресертификација со сертификат/извештај за системи за управување со општествена одговорност, според стандардот SA 8000/извештај од ревизија според: BSCI/SMETA/GOTS/STEP, во износ од 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари поединечно за секој барател на средства. Ќе се компензираат само докажаните трошоци за воспоставување/стекнување/ресертификација, направени во 2023 и 2024 година, како и за изготвувањето на извештајот за практиките Environmental, Social and Governance (ESG), во висина од 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 200.000,00 денари по барател на средства, се вели во соопштението.

Во него се додава дека ќе бидат надоместени само докажаните трошоци за изготвување на извештајот/сертификацијата направени во 2023 и 2024 година. Од Министерството посочуваат дека продолжуваат да бидат поддршка на бизнисите. сст/са/

Фото: Министерството за економија и труд 

Остани поврзан