• среда, 25 декември 2024

Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово

Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово

Берово, 30 јануари 2024 (МИА) - Локалното собрание на млади во Општина Берово објави јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово. На повикот можат да се пријават членови од младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации како и други облици на младинско здружување.

-Главни критериуми се да имаат активности на подрачјето на Општина Берово, да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик, како и делегатите да се жители на Општина Берово и да се на возраст од 15 до 29 години, стои во јавниот повик.

Потребната документација заедно со унифицицираната пријава и мотивациско писмо од организацијата за учество во Локалниот совет на млади, како и извештај за работата, со која се потврдува дека организацијата била активна и има спроведено активности со млади и за млади во Општина Берово,  треба да се достави до Архивата на Општина Берово.
 
-Документацијата треба да содржи и кратка програма и визија за сопственото учество во Советот. Доколку организацијата номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на Општина Берово кој е веќе член на Локалното собрание на млади на Општина Берово, во прилог на апликацијата не мора да поднесе мотивационо писмои извештај со наведени активности и програма. Повикот е активен со објавување на официјалната страна на Општина Берово и трае до 05.02 2024 година, стои во напомената за учество на јавниот повик.

Сите заинтересирани можат да ги достават потребните документи до Архивата на Општина Берово со назнака: „Апликација за членство во Локален совет на млади на Општина Берово” или во електронска форма на е-маил адресата: so.berovo@t.mk –  со истата назнака во предметот на е-маилот.

Апликациите ќе бидат разгледани од страна на тричлената Верификациона комисија која ќе ги покани апликантите пред членовите на Локалното собрание на млади да ги образложат свиоте пријави. вс/


Фото: Општина Берово
 

Остани поврзан