• среда, 25 декември 2024

Јавен повик за доделување финансиски средства од Општина Битола за спортски клубови, здруженија и спортисти за 2024 година

Јавен повик за доделување финансиски средства од Општина Битола за спортски клубови, здруженија и спортисти за 2024 година

Скопје, 12 јули 2024 

Општина Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општината на спорт6ски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и  другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:

да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
да ја реализираат програмата за развој на спортот;
да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
да се грижат за унапредување на младите категори;
да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;  
своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;
Начинот за пријавување е опишан во јавниот повик достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sport-2024/, а пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот  до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од  12.07.2024 година и трае заклучно со 29.07.2024 година. 

Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка.

Финансиската поддршка согласно ПРОГРАМА за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2024 изнесува 1.500.000,00 денари  за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.

Општина Битола

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан