• среда, 25 декември 2024

Ѓурѓај: Со проблемите на Македонците во Албанија ја запознавме работна група на словенските малцинства и други претставници на ФУЕН

Ѓурѓај: Со проблемите на Македонците во Албанија ја запознавме работна група на словенските малцинства и други претставници на ФУЕН

Дебар, 23 септември 2024 (МИА) - Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, кој учествуваше на 68. Конгрес на Федералната унија на европските националности, на маргините на овој значаен собир остварил повеќе средби со претставници на малцинствата.

На средбите разменети се мислења по низа прашања и проблеми од интерес на малцинствата кои ги претставуваат.

- Освен активното учество на конгресот што се одржа во Хусум, Германија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа. Секој од нас имаше кратка презентација, при што јас посебно се задржав околу проблемите што ние Македонците ги имавме со пописот на населението спроведен во Албанија пред една година, за што добро е запозната јавноста, рече Ѓурѓај за МИА.

Додаде дека средби кои минала во срдечна атмосфера, меѓу другото остварил со големите пријатели на МД"Илинден“ и Македонците, Лорант Винце, претседател ФУЕН и пратеник во Европскиот парламент, како и со Хартмут Лајпнер, претседател на Работната група на словенските малцинства.

На Конгресот, на кој присуствувале претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа, вчера едногласно беше усвоена резолуција поднесена од друштвото „Илинден“.

Со неа македонско национално малцинства во Република Албанија бара од Владата на оваа земја, досегашното тело Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија.

Тоа поради фактот што „оваа институција е подложна на политичко влијание, што резултира со негова целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата“. вт/ир/

Фото: МД „Илинден“

Остани поврзан