• четврток, 26 декември 2024

Ѓурѓај се сретна со претседателот на албанската Алијанса за етички медиуми (АЕМ) 

Ѓурѓај се сретна со претседателот на албанската Алијанса за етички медиуми (АЕМ) 
Тирана, 15 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Македонско друштво „Илинден” - Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник на македонски јазик, се сретна со претседателот на Алијансата за етички медиуми (АЕМ) Колорето Цукали и Марк Марку член на Одборот за етика. Ѓурѓај му се заблагодарил на Цукали за приемот на македонскиот весник „Илинден“ како дел од платформата на Алијансата  каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. -На работната средба ги информирав соговорниците за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Секако и за работата на редакцијата на весникот, рече за МИА, Ѓурѓај. Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ)  во почетокот на јуни годинава, каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. – Алијансата ги штити своите членки од не фер притисоци и напади. Таа е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации, додава Ѓурѓај. „Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија, кој е дел од платформата на АЕМ, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија член на Алијансата.вт/свс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан