• недела, 07 декември 2025

Ѓуровски: ДЗС не е опремена за манипулација со неексплодирани убојни средства, потребни се суштински промени

Ѓуровски: ДЗС не е опремена за манипулација со неексплодирани убојни средства, потребни се суштински промени
Охрид, 14 ноември 2021 (МИА) – Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) немаат основни средства и услови за работа, што е голем недостаток на системот за заштита и спасување и управување со кризи кој непосредно влијание врз неговата неефикасност. Тоа го истакна професорот Марјан Ѓуровски во Охрид каде учествуваше на работилницата „Опасност од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето организирана од Факултетот за безбедност односно Универзитетот „Климент Охридски“ и НАТО. Според Ѓуровски, кој е ректор на УКЛО, суштинска е потребата од реформи на системот за заштита и спасување и управување со кризи поради бројните слабости, техничка неопременост, некординација и взаемна неефикасност на двете институции. На собирот во Охрид учествуваат претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Министерството за одбрана, Црвениот крст, кои дискутираа во насока на засилена хумана безбедност и подобра ефикасност на системот за заштита и спасување и управување со кризи. Како можност е најавена подготвеноста на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ поточно Факултетот за безбедност, да работи и помага во координација со останатите надлежни државни институции за подготовка и акредитирање специјалистичка стручна програма во делот на начинот и справувањето со неексплидираните убојни средства. Инаку, овој проект реализиран преку програмата „НАТО-Наука за мир“ има три основни цели - да се воспоставува партнерски однос на Универзитетот и Факултетот за безбедност со државните институции од безбедносниот систем, надградување на капацитетите на ДЗС и МВР во справувањето со неексплодираните убојни средства и подигнување на јавната свест кај граѓаните за опасноста од тие средства со кои се среќаваат. Во текот на работилницата е дискутирано за предизвиците што постојат при справувањето со неексплодирани убојни средства и импровизирани експлозивни направи и начините на кои модерната технологија може да се примени во операциите за нивно неутрализирање. Во рамки на проектот денеска на граѓаните на Охрид им беа поделени флаери од едкукативен карактер, во насока на нивна информираност за опасностите што демнат од неесплодирани убојни средства. аб/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан