• вторник, 27 август 2024

Ѓуриќ ја продолжи соработката со Вардар

Ѓуриќ ја продолжи соработката со Вардар

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Фудбалерот Дејан Ѓуриќ денес официјално ја продолжи соработката со ФК Вардар.

Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.

„Вардаровиот дефанзивец денес потпиша договор на една година и се надеваме дека во периодот што следува, ќе успее уште повеќе да придонесе кон остварувањето на целите кои пред себе ги има поставено големиот Вардар“, соопштија од „црвено-црниот“ тим. дс

Фото: ФК Вардар

Остани поврзан