• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓуриќ по средбата со Муцунски: Неискажлива трагедија во Кочани го потресе секое срце во Србија, Балканот и Европа

Ѓуриќ по средбата со Муцунски: Неискажлива трагедија во Кочани го потресе секое срце во Србија, Балканот и Европа

Белград, 19 март 2025 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска во Белград се сретна со својот северномакедонски колега Тимчо Муцунски и рече дека „неискажлива трагедија во Кочани го потресе секое срце во Србија, на Балканот и во Европа“ , јави дописникот на МИА од Белград.

По разговорот со неговиот македонски колега, Ѓуриќ изјави дека Србија во првите часови со конкретни чекори застанала покрај своите пријатели и браќа од Северна Македонија.

„По наредба на претседателот Александар Вучиќ и Владата, ги испративме сите форми на помош што ни се на располагање со цел да придонесеме во борбата за секој човечки живот што може и може да се спаси“.

Како што наведе, нема ништо што нема да направи државата Србија за да им помогне на настраданите луѓе. Тој објасни дека ова не е хуманитарно прашање, туку одраз на вистинско пријателство и вековни односи меѓу двата народа, соопшти МНР на Србија.

Министерот Муцунски и се заблагодари на Србија за помошта и солидарноста, нагласувајќи дека српските власти се меѓу првите лидери кои понудиле помош и дека неполни 12 часа по трагедијата, првата група пациенти веќе била во болниците во Србија.

Тој особено им се заблагодари на лекарите и на целиот персонал на болницата за нивната посветеност и пожртвуваност кон пациентите, како и за поддршката на нивните семејства. зш/

Тој рече дека во овие моменти на голема тага многу значат солидарноста и поддршката од пријателите, што помага да се надминат сите предизвици. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан