• сабота, 23 ноември 2024

Ѓуриќ: Курти сака да ја преземе контролата над мостот на Ибар за да направи дополнителен притисок врз Србите

Ѓуриќ: Курти сака да ја преземе контролата над мостот на Ибар за да направи дополнителен притисок врз Србите

Белград, 21 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека властите во Приштина, предводени од косовскиот премиер Албин Курти, сакаат да ја преземат контролата над мостот на Ибар во Косовска Митровица, со цел да се направи „дополнителен притисок врз српската заедница“.

Ѓуриќ за РТС изјави дека „Косовска Митровица, како град, е бедем на опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија“, посочувајќи дека тоа е единственото урбано подрачје во кое живеат мнозинство Срби на Косово, што од 1999 г. мостот на Ибар го поврзува јужниот дел на градот каде што живеат Албанците, со северниот дел од градот каде што живеат Србите.

Ѓуриќ го окарактеризира обидот за отворање на мостот на Ибар за сообраќај како „многу прецизно организирано техничко насилство“ врз Србите, чие деловно, физичко и секое друго постоење е спречено со ова, како и со други акции на Приштина.

Ѓуриќ денеска изјави дека „некој мора да одговара“ за терористичките закани испратени на адресите на српските амбасади во Австрија и Германија, какви доби и амбасадата на Србија во Берн.

-Нашите институции се во контакт со тие земји, нашите конзуларни канцеларии и нашите граѓани се безбедни, изјави Ѓуриќ за РТС. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан