• сабота, 23 ноември 2024

Ѓулер најмлад Турчин кој постигнал гол на ЕП

Ѓулер најмлад Турчин кој постигнал гол на ЕП

Дортмунд, 19 јуни 2024 (МИА) - Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер постигна гол на вчерашниот натпревар со Грузија (3:1) на Европското фудбалско првенство 2024.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид во листата на стрелците се запиша со 19 години и 114 дена и стана најмладиот турски играч кој постигнал гол на Европско или Светско првенство.

Ѓулер го надмина и постигнувањето на Португалецот Кристијано Роналдо, кој претходно беше најмладиот стрелец на гол во дебитантскиот натпревар на ЕП.

Воедно, Ѓулер го постигна вториот гол во својот 8-ми натпревар за турската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан