• четврток, 26 декември 2024

Ѓукановиќ: Верувам дека брзо ќе се формира новата власт

Ѓукановиќ: Верувам дека брзо ќе се формира новата власт

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - Долгогодишниот претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека верува во брзо формирање на новата влада, како и дека ќе се препознае просторот за маневрирање за Црна Гора да добие власт што ќе и одговара на нејзините стратешки интереси, јави Мина.

Како што јави ДПС, Ѓукановиќ, по гласањето на парламентарните избори, изјави дека во Црна Гора има доволно политички сили со парламентарен легитимитет да продолжат да ја градат земјата како антифашистичка, граѓанска и европска.

-Веќе три години живееме во конфузно време, тоа е нормална фаза и ништо повеќе од тоа. Мислам дека сликата веќе делумно е расчистена и дека по овие избори ќе имаме можност да формираме влада која ќе продолжи да ја води државата кон Европа, истакна Ѓукановиќ.

Во соопштението на ДПС се наведува дека Ѓукановиќ додал дека Црна Гора треба да биде земја со растечко владеење на правото и економијата, која природно треба за неколку години да стане членка на Европската унија (ЕУ).

На прашањето дали по изборите ќе биде кандидат за премиер, тој одговори дека најважно е Црна Гора да го продолжи европскиот пат.

-Далеку сме од тие теми. Јас неодамна се повлеков од политиката, рече Ѓукановиќ.

Тој рече дека е убеден оти во новите генерации во Црна Гора, вклучително и генерацијата на ДПС и сегашната граѓанска опозиција, има многу добри, квалитетни луѓе, од средната генерација, кои се способни да ги преземат најважните државни функции. 

-Ми се чини дека во овој момент најважно е Црна Гора да потврди дека сака да продолжи по европскиот пат без дополнителна пауза. А во нејзините редови има многу луѓе кои се способни да ги извршуваат најодговорните државни функции, заклучи Ѓукановиќ. сд/

Остани поврзан