• среда, 18 декември 2024

Ѓорѓиев: Мора да се поправиме пред турнирот во Данска и да ја задржиме самодовербата

Ѓорѓиев: Мора да се поправиме пред турнирот во Данска и да ја задржиме самодовербата
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) – Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев е разочаран по синоќешниот пораз од Данска (0:3) во третото, последно, коло од првиот турнир во групата „А“ од Европската сребрена лига. -Тажен сум поради поразот, мора да изанализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018 кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да го сториме тоа, ние мора да ја играме основната игра. Признавам дека тие вечерва беа одлични, но и ние им помогнавме, изјави Ѓорѓиев. Тој со 15 поени беше најефикасен во таборот на „црвено-жолтите“, но тоа се покажа како недоволно да се спречи поразот. Данска која е лидер во групата А, ќе биде домаќин на вториот турнир од петок до недела во Шлагелсе. зс/

Остани поврзан