• вторник, 24 декември 2024

Ѓорѓиевски: Ќе работиме на подобрување на условите во сите градинки низ општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Ќе работиме на подобрување на условите во сите градинки низ општина Кисела Вода
​Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва изврши увид во градинката „Весели Цветови“, објект „Сончоглед“. Како што информираат од општината, во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, а неодамна, тука се извршила и замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците. Дополнуваат дека од обиколката било констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

- Ќе работиме на подобрување на условите не само во „Сончоглед“, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки, потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, пренесуваат од општината.

Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улица „Локов“ во населбата Кисела Вода. ар/цр

Остани поврзан