• вторник, 12 ноември 2024

Ѓорѓиевски: Успешните сообраќајни решенија од Сараево можат да бидат пресликани во јавниот превоз во Скопје и другите општини

Ѓорѓиевски: Успешните сообраќајни решенија од Сараево можат да бидат пресликани во јавниот превоз во Скопје и другите општини

Скопје, 8 јуни 2024

Во рамки својата посета на Сараево, каде Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше на меѓународен самит за зелена мобилност, тој оствари значајни билатерални средби со неколку високи претставници на локалната и централната власт во Сараево и Босна и Херцеговина. Ѓорѓиевски се сретна и дискутираше со заменик градоначалникот на Сараево Самир Авдиќ, со директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, со Премиерот на кантонот Сараево Нихад Ук, со министерот за сообраќај во кантонот Сараево Аднан Штета, како и со високиот пртеставник за Боса и Херцеговина, германскиот дипломат Кристијан Шилинг.

Како Претседател на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски беше многу заинтересиран за позитивните практики за јавниот транспорт во Сараево, бидејќи состојбата во оваа сфера во Скопје и во другите општини во Македонија е во незавидна состојба. Во насока на обезбедувањето на подобри услови за граѓаните и модернизација на инфраструктурата, тој се информираше за успешните модели на функционирање и можностите за нивна примена во нашата држава. 

-Билатералните средби кои ги имав со повеќе високи претставници на локалната и централната власт во Сараево и Босна и Херцеговина, беа исклучително продуктивни. Разговаравме на повеќе теми, а најмногу за бројните иновативни и успешни решенија од сферата на јавниот транспорт кои таму одлично фукционираат, а би можеле да бидат имплементирани и во нашите општини и во главниот град. Дискутиравме и за електрификација, и за инвестирање во велоинфраструктура и со тоа давање на предност на еколошкиот начин на транспорт, за многу “зелени” и флексибилни транспортни решенија кои би можеле да ги пресликаме и со тоа и на нашите граѓани да им обебедиме паметни и флексибилни транспортни модели. И Скопје и сите останати општини во Македонија, заслужуваат модерен и ефикасен јавен транспорт и за таа цел е неопходно да се посвети сериозно внимание на овој проблем. Оттука, сакам да истакнам дека во координација со новата централна власт, ќе работиме на пронаоѓање на најсоодветното решение кое ќе им овозможи на скопјани јавен транспорт од кој ќе бидат задоволни и ќе овозможат тој повеќе да се користи. Ова, исто така е еден од чекорите кои се значајни за зелената агенда, која беше тема на актуелниот самит-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан