• среда, 18 декември 2024

Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде горд град

Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде горд град

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред паметникот на загинатите борци кои животот го положија за слободата на Скопје.Тој се осврна на историскиот момент и заслугата на партизаните за слободата која денес ја живееме, но и за обврската кон нив која ја имаме за Скопје повторно да биде убав град и поубаво место за живеење, соопшти Општина Кисела Вода.

-Честит празник, граду мој! Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата. Славиме еден јубилеј, славиме 80 години од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги.
Го славиме денот кога се развеа знамето на слободата над градот убав - СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО! И денес се поклонуваме на најзаслужните, на плејадата борци, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело. Секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата, истакнал градоначалникот на општина Кисела Вода.

А ние, додал тој, имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ветил дека сите ќе го дадат и последниот атом повторно да му дадат нов, модерен лик и да го направат град во кој ќе биде гордост да се живее. сст/мд/

фото Општина Кисела Вода

 

Остани поврзан