• сабота, 21 декември 2024

Ѓорѓиевски: Продолжениот викенд е одличнa можност за комуникација со граѓаните

Ѓорѓиевски: Продолжениот викенд е одличнa можност за комуникација со граѓаните

Скопје, 7 декември 2024

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски го користи продолжениот викенд за комуникација со граѓаните. Жителите кои во изминатиот период изразиле желба да контактираат со него, да го информираат за некаков проблем или да споделат некоја своја идеја, денес разговараа телефонски со него, а дел дојдоа и на средба во општината.

-Денес, сабота, од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите во општината. Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање. Она што особено ме радува е тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што досега е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото немале шанса да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен и тоа е уште еден показател дека сме на вистинскиот пат. Ќе останам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен, изјави Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан