• среда, 18 декември 2024

Ѓорѓиевски: По половина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат фекална канализација и нов асфалт

Ѓорѓиевски: По половина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат фекална канализација и нов асфалт

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во активностите за изградба на улица „25“ во Припор. Жителите од овој дел на градот, претходно добија и фекална канализација.

-Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми. Еден таков, сега целосно решен, а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања, е улицата „25“ во Припор. Оваа улица првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби. По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека претходно општината изградила фекална канализација во должина од 530 метри, а денеска по завршувањето, локалната самоуправа почнала со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина.

- Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем. Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање. Мојот народ заслужува, повлече Ѓорѓиевски. ир/цр/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан