• вторник, 19 ноември 2024

Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Скопје, 13 април 2023 (МИА) - Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски посети повеќе социјално загрозени семејства на кои им донираше пакети со прехранбени производи.

Ѓорѓиевски, како што информира Општина Кисела, истакна дека токму во овие денови кога се празнува христијанството чија суштина е добрината и љубовта, сите луѓе треба да почувствуваат радост и сплотеност. Честитајќи го Велигден, тој им се заблагодари и на сите кои преку дело ја покажаа својата поддршка, на тој начин овозможувајќи помошта да стигне онаму каде што е најмногу потребна.

-Да се стремиме да бидеме подобри луѓе, да си помагаме и подаваме рака, да пристапиме со добрина и љубов - тоа е највозвишената човечка особина! Големи денови се пред нас, го чекаме Воскресението Христово. Ова се денови на радост и сплотеност, денови кога треба да покажеме дека сме луѓе помеѓу луѓето.И токму затоа - секој заслужува да ги помине како што доликува!, истакна Ѓорѓиевски. мд/вј/

Фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан