• четврток, 26 декември 2024

Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозените, утре ќе ги дарува дечињата од Бадниковата поворка

Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозените, утре ќе ги дарува дечињата од Бадниковата поворка

Скопје, 5 јануари 2024 

Во пресрет на Божикните празнувања, денес градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на повеќе социјално загрозени семејства. Истакна дека во моментите кога се чека најрадосната вест за Христијаните, во секој дом треба да има празнична трпеза, а секој човек, без разлика на материјалниот статус треба да почувствува дека не е сам и дека има поддршка. Воедно, градоначалникот утре во Општина Кисела Вода ќе ги пречека дечињата кои се дел од Бадниковата поворка и ќе ги дарува со Божикни пакетчиња, а потоа заедно ќе се упатат кон плоштадот ,,Македонија”.
-Големи денови се пред нас, а човечката големина се покажува со дела. Токму затоа, денес посетив неколку семејства од социјален ризик на кои им доделивме пакети со прехранбени продукти и се потрудивме со мало внимание да им ги разубавиме празниците. Да знаат дека не се сами, да знаат дека мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка и во убавите, но и во тешките времиња. Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза и јас, онолку колку што можам ќе бидам тука за мојот народ. А сите ние, треба да се стремиме кон тоа да бидеме уште подобри луѓе, да си помагаме и да си подаваме рака, секаде да пристапуваме со добрина и љубов бидејќи тоа е највозвишената човечка особина. Преку хуманоста треба да менуваме. 
Божикните празнувања ги продолжуваме и утре, кога во просториите на Општина Кисела Вода ќе ги пречекам нашите мали дечиња од овој дел на градот кои во изминативе денови  неуморно и посветено се подготвуваат за големата Бадникова поворка. Тие ќе тргнат од црквата “Св. Петка”,  во 10 часот ќе пристигнат во општината, каде ќе ги дарувам со Божикни пакетчиња, а потоа заедно ќе се упатиме кон плоштадот ,,Македонија”. Исклучително сум горд на овие златни дечиња што со многу љубов ги промовираат нашите вистински православни вредности, затоа со голема чест ќе чекорам заедно со нив. Ве повикувам сите, големи и мали, масовно и заедно да ја најавиме радосната вест за раѓањето на нашиот Господ Исус Христос-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан