• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вечерва ја поздрави заложбата на Владата да го реши проблемот со јавниот превоз во Скопје, но упати критики до скопската градоначалничка Данела Арсовска, која според него, наместо стратешки, носи ад хок решенија. 

Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само интервју“ посочи дека важно е секој градоначалник да има слух за граѓаните и да постои механизам со кој ќе може да се отповика градоначалник доколку не ја извршува својата должност за која е избран.

- Јас сум градоначалник и поаѓам од себе. Не може единствено во нашата држава градоначалникот да биде незаменлив. Да го изберат граѓаните и четири години, дали дал резултати или не, дали постапувал согласно програма или надвор од тоа никој да не може да постапи против него, дециден беше Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски дополни дека веќе е време граѓаните да се највисок суверен. Ја истакна нивната важност и потребата да се слушнат нивните предизвици и истите да се решат.

- Ние треба да го промениме тоа. Нашата тенденција треба да биде се да почнува и да завршува со највисокиот суверен, а тоа е  народот. Никакви преговори, договори, заклучи Ѓорѓиевски.

Зборувајќи за работата како градоначалник во скопската општина Кисела Вода, тој рече дека реализирал капитален проект во Стаклара-Каменик и оти после 50 години обезбедуваме питка вода за пиење за граѓаните, но истовремено и фекална канализација.

- Тоа значи дека пред мене, 30 години во независна Македонија градоначалниците не сметале дека тоа е приоритет, замислете во 21 век и такви примери имаме насекаде низ државата, потенцираше Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски во Кисела Вода има висок степен на реализација од ветеното пред граѓаните. цр/ев/

ФОТО: ВМРО - ДПМНЕ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан