Ѓорѓиевски на 42. Маџирмаалски средби: Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина
- Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина. Тука се чувствува Скопје во својот полн сјај, со својата историја, маалски дух и неповторлива хемија што ги поврзува луѓето, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, кој денеска присустувал на 42. Маџирмаалски средби.
Скопје, 22 февруари 2026 (МИА) - Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентични скопски маала, култно место од кое зрачи посебна енергија и топлина. Тука се чувствува Скопје во својот полн сјај, со својата историја, маалски дух и неповторлива хемија што ги поврзува луѓето, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, кој денеска присустувал на 42. Маџирмаалски средби.
-Огромна чест ми беше што бев поканет да присуствувам на Маџирмаалските средби, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и колегата Горан Герасимовски. Речиси половина век овие средби успешно се организираат и претставуваат жив доказ дека традицијата, кога се негува со љубов, трае и обединува генерации, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека во рамки на настанот се одржала и ревијален натпревар помеѓу Град Скопје и Општина Центар, пријателска, но исполнета со спортски дух и позитивна енергија, токму во стилот на маалските вредности што ги славиме
-Посакувам уште многу години да продолжат овие собири да ја чуваат традицијата, да го негуваат маалскиот дух и да го потсетуваат Скопје на неговите корени. Честа беше моја, истакна Ѓорѓиевски. ац/вј/
Фото: ФБ на Орце Ѓорѓиевски