• вторник, 19 ноември 2024

Ѓорѓиевски: Населбата 11 Октомври Бараки целосно го менува ликот

Ѓорѓиевски: Населбата 11 Октомври Бараки целосно го менува ликот

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски денеска извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација на краците од улиците „Трајко Иванов”, „Лазар Димитров” и „Петар Драпшин”, и крак на „Лав Тoлстој” кои се протегаат на површина од околу 2500 квадратни метри.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, овој зафат се надоврзува на големиот проект за рехабилитација на ,,Петар Драпшин”, кој летово се изведе во партнерство со Министертвото за транспорт и врски, преку кој оваа значајна сообраќајница доби санација на коловозот и тротоарите. 

-Покрај во обнова на патната инфраструктура која во оваа населба се изведе на повеќе од 11 000 квадратни метри, се инвестира и во зголемување на процентот на зеленило во општината за што говори изградбата на два нови паркови, опремени со урбана опрема, се наведува во соопштнието.

Сумарно, од населба чии жители 30 години чекаа подобрен лик на улиците и побезбеден сообраќај, 11 Октомври Бараки, како што се додава во соопштението, добива сосема модерна патна инфраструктура и хортикултурно уредување, што целосно го менува изгледот на оваа урбана заедница.

-Денес, заедно со Иван Медо Живковски го означивме стартот на градежните зафати за рехабилитација на неколку улици во населбата 11 Октомври - Бараки, кое беше барање на жителите и мое ветување кон нив. Се работи за обнова на површина од околу 2500m2 која опфаќа краци од ,,Трајко Иванов”, ,,Лазар Димитров” и ,,Петар Драпшин”, а во периодот што следи ќе ги реконструираме сите улици. Паралелно, на голема површина се градат и два паркови кои ќе бидат ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Кисела Вода, модерни, хортикултурно уредени и со нова урбана опрема. Подобрувањето на патната инфраструктура е значајна за развојот на нашата општина, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја модернизираме и уннапредуваме Кисела Вода, затоа што мојот народ заслужува! Во мојот мандат, нема да има неасфалтирана улица, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. дма/

Фото:Општина Кисела Вода

Остани поврзан