• среда, 25 март 2026

Ѓорѓиевски: МАНУ една од најзначајните институции во нашата држава, локалната самоуправа подготвена за суштинска соработка со академската заедница

Ѓорѓиевски: МАНУ една од најзначајните институции во нашата држава, локалната самоуправа подготвена за суштинска соработка со академската заедница

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите претставува една од најзначајните институции во нашата држава, храм на знаењето, науката и уметноста, но и чувар на интелектуалниот, културниот и научниот идентитет на Република Македонија. Низ децении постоење, МАНУ игра клучна улога во развојот на научната мисла, во заштитата на националното културно наследство и во создавањето визии за иднината на државата, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска на покана на претседателот на МАНУ д-р Живко Попов присуствувал на редовното годишно собрание. 

Градоначалникот на Скопје потенцира дека академската заедница претставува еден од најсилните столбови врз кои мора да се потпираме кога носиме сериозни и одговорни одлуки.

-Научно заснованите анализи, аргументираните ставови и стручните предлози се темел врз кој можат да се градат квалитетни политики и вистински, трајни решенија. Поддршката од академиците, од научната и стручната јавност, има особено значење во процесот на креирање нови, одржливи модели кои ќе придонесат за подобрување на безбедноста, инфраструктурата и подготвеноста на системот во ситуации што бараат брза и ефикасна реакција, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека проектите и визиите насочени кон планирањето на иднината на Република Македонија, кои биле во фокусот на денешното годишно собрание, уште еднаш потврдуваат дека МАНУ останува вистински двигател на научниот и општествениот напредок.

Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС уверувадека локалната самоуправа е подготвена за блиска и суштинска соработка со академската заедница.

-Само преку заеднички напори, знаење и визија, можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците на денешницата, но и да поставиме цврсти темели за посигурна, поорганизирана и подобра иднина за сите граѓани, нагласи Ѓорѓиевски. ац/вј/

Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан