• четврток, 26 декември 2024

Децата од социјален ризик од основните училишта во Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување

Децата од социјален ризик од основните училишта во Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) – Со финансиски средства во висина од три милиони денари, Општина Кисела Вода ќе овозможи децата од социјален ризик од основните училишта во општината да користат бесплатно летување.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, услугата која вклучува платен превоз, сместување и храна ќе може да ја користат деца од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општината. 

- Преку оваа мерка, тие ќе ја избегнат социјалната изолација, ќе имаат можност да стекнат нови пријатели, да се стекнат со нови искуства, да учат нови вештини, да откријат нови интереси и да работат на своето осамостојување, лична одговорност и самодоверба, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од Општината информираат дека критериумите за користење на бесплатно летување ќе бидат објавени дополнително, преку јавен повик, по што ќе се знае и точниот број на ученици кои ќе ја користат оваа социјална мерка. ар/бак/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан