• среда, 18 декември 2024

Ѓорѓиевски: Ги детектираме предизвиците на ЗЕЛС за 2025 година

Ѓорѓиевски: Ги детектираме предизвиците на ЗЕЛС за 2025 година

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година и актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат општините во земјава беа во фокусот на седмото Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) што денеска се одржува во Скопје. 

-Денес ја одржуваме седмата седница на Генералното собрание, највисокото тело на ЗЕЛС, на која ќе дискутираме за состојбите и сите оние проблеми кои ги надминавме заеднички со моите колеги изминатава тековна година. Ќе се разговара, исто така за плановите и предизвиците во перспектива за наредната година, дел од разговорите ќе бидат насочени околу унгарскиот кредит и повикот кој треба да се случи следната година, односно во месец февруари, но ќе разговараме исто така околу законските пречки со кои што се соочуваме и за нивно надминување, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски пред почетокот на Генералното собрание. 

Потсети дека ЗЕЛС уште пред повеќе од една година иницира измени во Законот за локална самоуправа поврзани околу начинот на престанување на мандатот на градоначалниците, но и за одредени законски измени поврзани со експропријацијата кои што треба да се направат во координација со Министерството за транспорт и врски. 

-На Генералното собрание денес ќе ги утврдиме состојбите со кои се соочуваме, но ќе ги утврдиме и перспективите и она што ќе ни биде силен и главен фокус за наредната година, посочи Ѓорѓиевски.вј/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан