• среда, 27 ноември 2024

Ѓорѓев во Грасхоперс до 2022 година

Ѓорѓев во Грасхоперс до 2022 година
Цирих, 21 февруари 2020 (МИА) - Никола Ѓорѓев, останува верен на Грахоперс. Македонскиот репрезентативец и швајцарскиот второлигаш се обврзаа на дополнителни две години соработка. Според потпишаниот договор денеска, оваа соработка најмалку ќе трае д 2022 година. Ѓорѓев потекнува од младинските школи на славниот швајцарски клуб од минатото. Дебито во сениорскиот тим го имаше во 2017 година, како 17 годишен играч. Од тогаш настапи во 66 меча за Грасхоперс, во кои постигна девет гола и забележа шест асистенции. Ѓорѓиев досега двапати беше позајмуван од Грасхоперс. Есенскиот дел во сезоната 2017/18 ја мина во Твенте, а пролетниот во екипата на Арау. За македонската млада репрезентација одигра 12 меча во кои реализира и два гола, а за „А“ тимот одигра пет натпревари, но сè уште го чека првенецот. сѓд/оџ

Остани поврзан