Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
- Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.

Секешфехервар, 10 март 2025 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.
Ѓорческа денеска по голема борба и дуел што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6(3)).
Во првото квалификациско коло, македонската тенисерка ја совлада Унгарката Мелинда Биро со 2-0 во сетови.
Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега ја очекува жрепката за главниот турнир, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.ег
ФОТО: МИА