• вторник, 24 декември 2024

Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија

Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија

 

Куршумлијска Бања, 27 септември 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот од серијата 75 во Куршумлијска Бања, откако во денешниот четвртфинален дуел ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 (6-4, 6-3).

На Ѓорческа и беа потребни 80 минути игра за пласман во утрешното полуфинале во кое ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија.

Ѓорческа и Јакуповиќ одиграа меч неизвесен натпревар како и претходните два, а по денешниот триумф Ѓорческа води со 2:1 во меѓусебните дуели.

Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебните мечеви скорот е 2:0 за Радивојевиќ. ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан