• недела, 24 ноември 2024

Ѓорчев: Владата ги избришаа сите црвени линии на Македонија

Ѓорчев: Владата ги избришаа сите црвени линии на Македонија
Скопје, 23 јуни 2021 

Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во  „Анализа 24“ што се емитува на телевизја 24 рече дека Португалија како претседавач со ЕУ се обидува да најде една средина за надминување на проблемот со Бугарија. Тој додаде дека Зоран Заев ја доведе Македонија во најлоша позиција, урниса се, се колнеше дека нема да го менува Уставот и името.

„Немам доверба во владата и министрите кога преговараат за позициите на Македонија, а преговараат  Зоран Заев, Артан Груби, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, не им верувам нив, ниту на било кој од Владата. Проблемот е што сите во регионот сфатија дека кога ќе му треснат на маса на Зоран Заев тој се ќе испорача. Така Македонија ги изгуби позициите на меѓународната сцена. Македонија стана канта за удирање“, рече Ѓорчев.   

Според него ветото од Бугарија следеше затоа што официјална Софија знае дека кога тогаш Заев ќе попушти.

„Заев се колнеше во македонската жица, во своите деца дека нема да менува ништо, а што направи - смени се“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев укажа дека Македонија не е блокирана само од Бугарија, туку и од Грција и тоа денес поради твит на Заев.

„Македонија е блокирана од сите страни, не само од Бугарија за преговори со ЕУ, сега и Грција најавува блокади. Едноставно не верувам на никој од оваа Влада“, рече Ѓорчев.

Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „24 анализа“ што се емитува на телевизја 24 рече дека Владата на Зоран Заев направи се за да ја урниса македонската позиција и ја доведе Македонија во најлоша позиција на меѓународната сцена.

„Позицијата и те како е влошена, не само што има блокада од Бугарија , има најава и за нератификување на меморандуми од Грција. Во меѓувреме нашите неразбрани трговци ги избришаа сите црвени линии, Македонија е како никогаш до сега поразена и опљачкана, а Европа не сака да почне преговори со најкорумпираната влада. Колку за илустрација 18 години Транспаренси ја следи Македонија и во 2010 година, земјава е на  67 место, на 64 место во 2014 сега во моментов сме најлоши. Сега Македонија во моментов е една земја неподготвена земја за преговори,  забаталена, ништо не се случува, се цедат граѓаните преку низа на давачки“, рече Ѓорчев.

Потенцирајќи дека Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана укажа дека нема ни нема возачки, регистерски за граѓаните, ама за мафијашите нема.

„И кој е крив за ова? Тетката што сликала во пасошко, и чичкото што ставал печати. Не е можно тоа“, рече Ѓорчев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
   

Остани поврзан