• среда, 18 декември 2024

Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи

Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи
Дубаи, 26 јануари 2022 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП турнирот во Дубаи, јавија локалните медиуми, кои имале увид во списокот ученици пријавени за турнирот закажан за последната недела од февруари. Откако претходно овој месец австралиските власти го протераа Ѓоковиќ и му ја поништија визата, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, српскиот тенисер не настапи на Австралија опен и се врати во Белград преку Дубаи на 17 јануари. Вакцинирање против Ковид – 19 не е задолжително за влез во Обединетите Арапски Емирати, каде со барем една доза се вакцинирани сто отсто од населението. ег/сд/

Остани поврзан