• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ утре ќе ги добие резултатите од тестирањето, потоа ќе се обрати на јавноста

Ѓоковиќ утре  ќе ги добие резултатите од тестирањето, потоа ќе се обрати на јавноста
Белград, 22 јуни 2020 (МИА) - Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, беше тестиран за коронавирус и резултатите ќе ги добие утре, потврдено е од неговиот ПР тим. Ѓоковиќ беше тестиран откако коронавирусот се појави меѓу тенисерите, учесници во „Адрија тур“. Откако Григор Димитров објави дека е позитивен за Ковид 19, сите учесници беа тестирани и потврдено е дека се заразени Борна Чориќ, фитнес тренерот на Новак, Марко Паничи, како и тренерот на Бугаринот - Кристијан Грох. Александар Зверев и целиот негов тим беа негативни на тестот, исто како и Марин Чилиќ и Андреј Рубљев, кои сепак решија да заминат во двонеделна самоизолација. Новак одби да биде тестиран во Задар, тој дојде во Белград во текот на денот и го изврши тестот во српскиот главен град, а од неговиот штаб беше потврдено дека резултатите ќе пристигнат во вторник. Покрај светскиот број 1, тестирани се и Ѓорѓе Ѓоковиќ, директорот на „Адрија тур“, како и целото семејство на Новак. Србинот ќе се обрати пред јавноста по добивањето на тестот.

Тагови

Остани поврзан