• сабота, 04 јануари 2025

Ѓоковиќ со ново историско достигнување

Ѓоковиќ со ново историско достигнување

Бризбејн, 2 јануари 2025 (МИА) - Новак Ѓоковиќ денеска во Бризбејн го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:3. Успехот на српскиот тенисер се покажа како рекорден во историјата на спортот.

Тоа беше 20-та последователна победа на Ѓоковиќ над Монфис, а Французинот нема победа на сите меѓусебни натпревари.

Ова се нема случено на ниту еден друг меч меѓу двајца тенисери во историјата на тенисот.

Во следното коло Србинот ќе се сретне со Рајли Опелка, кој го совлада Матео Арналди со 7:6(9), 7:6(4). дс

Фото: Архива

Остани поврзан